ФОТО: Јајце, посебна салама и зденка-храна во студентските домови

Од:

Посебна салама, јајце, леб, по некоја зденка, виршли и малку ориз. Ова е храната во студентските домови,

На Фејсбук групата „Ѕид на студентскиот хорор”, студентите покажаа, како што велат, колку државата се грижи за нив.

Оваа година за разлика од минатите, нема бонови за пазарење во бонските продавници, туку студентите имаат само два оброка на ден. Изброр на храна нема, велат, што ќе ти дадат тоа ќе јадеш, а ограничени се и количините и редовно некој останува без оброк.

Пратеникот и претседател на младите на СДСМ вели, студентите се крајно револтирани и трпението им е при крај.

„Секојдневно ми испраќаат слики на мене за да ги објавувам на собраниска говорница или на социјалните мрежи. Навистина, без притоа некого да навредам, но мислам дека поквалитетна и пообилна храна се служи дури и во затворите. Дополнително, генерално условите во домовите и оваа година се мизерни, иако власта се фали дека ги реконструира. На пример, во Стив Наумов, студентски дом кој сместува најмногу студенти, за 10 годиини се реновирани само 10% од капацитетите. Дали тоа значи дека на оваа власт и требаат 100 години да владее за да реконструира 100% еден студентски дом“, прашува Богоев.

Тој посочува дека и досега ќе продолжи да се бори за студентите, а како опозиција излегуваат и со конкретни предлози за изградба на нови домови и реконструкција од темел на постоечките домови во сите градови кадешто ги има.

„ Она што ме прави среќен е фактот што се повеќе студенти го надминуваат стравот и заканите и самите тие јавно објавуваат слики и видеа од состојбата во домовите“, вели Богоев.

Би можело да ве интересира

Рама повторно ги повика студентите на дијалог, овојпат на камена маса

Јаневска: Блиску сме до решение за студентскиот оброк, се разгледува ваучерски систем

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on

Левица: Планира ли некој да ја извести Јаневска дека студентскиот оброк, спротивно на Закон, три години не е покачен или свесно продолжува да лаже?!

Горан Наумовски

Левица: Три години студентскиот оброк e без усогласување, студентите се оштетени за 6,5 милиони евра

Горан Наумовски

Левица: ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите