Милчин до куририте: Потрудете се, на копно сум!

Од:

„Новинарските написи“ во провладините медиуми го доживуваат врвот на својата ступидност. Во обид да го одвлечат вниманието од одморот на премиерот во Турција за кој немаше известување се додека не излегоа фотографии во турските медиуми, почнаа повторно со нивните „тези за заговори“.

Повторно на мета освен лидерот на СДСМ, е и извршниот директор на ФООМ, Владимир Милчин. Милчин, на Фејсбук им одговори на ваквите обвинувања и ги поттикнува да почнат да истражуваат.

– Насоки за кур(ир)чињата: На Санторини сум бил пред 30 години, Родос не ме привлекува, Крф исто така. Кај Заев? Не знам ни дали има куќа во Грција. Ај потрудете се. На копно сум! – им напиша Милчин на владините медиуми.

Одговорот на Милчин доаѓа откако во провладините медиуми се појавија тесктови за негова наводна средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев, Ацо Кабранов и Бранко Геровски во Грција. Кабранов веќе одговори дека не бил во Грција повеќе од 10 години.

milcin-status

Би можело да ве интересира

ПроПублика: Маск, Сорос, Безос не плаќале данок на доход со години

Ана Ололовска

Заев-Сорос: Македонија презеде клучни чекори за стабилност, безбедност и економски развој

Ана Ололовска

Сорос купил обврзници во Тесла

Наум Локоски

Заев се сретна со Сорос: Македонија ги споделува и промовира вредностите кои ги застапува и ФОО

Наум Локоски

Анализа на десоросоизацијата на Груевски

Ана Ололовска

Џорџ Сорос го намали уделот во компаниите „Епл“ и „Снеп“

Ана Ололовска