ФОТО: Интервенција на кејот на Вардар во Аеродром

Од:

Oбилните врнежи дожд кои вчера ја зафатија Република Македонија, предизвикаа зголемување на водостојот на реката Лепенец, а со тоа се зголеми и нивото на реката Вардар. Водостојот на Вардар во Скопје после обилните врнежи е зголемен и нивото на водата е до горната кота од речното корито.

Kej na vardar vo aerodrom intervencija (3)

Поради тоа, синоќа екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираа на најниските точки на реката Вардар во општина Аеродром (до објектот на ПИОМ), со цел при поголем водостој да се спречи евентуално уништување на велосипедската патека на тој дел од Кејот на реката Вардар, соопшти Град Скопје.

Kej na vardar vo aerodrom intervencija (1)

Оттаму посочуваат дека на терен интервенирале екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје кои долж Кејот на реката Вардар поставиле вреќи со песок.

Kej na vardar vo aerodrom intervencija (5)

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје ја следи состојбата на терен и доколку има потреба дополнително ќе интервенира.

Би можело да ве интересира

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски