Протестот што се одржува пред Владата заради назначувањето на Талат Џафери за министер за одбрана, излезе од контрола.
Неколкустотици млади луѓе, организирани преку социјалните мрежи, по извикувањето на паролите против оваа одлука и против Владата, почнаа да фрлаат со пластични шишиња кон полицијата, сакале и да искршат едно возило но полицијата интервенирала и спречила поголем инцидент.