ФОТО: И лебедите излегоа да протестираат против уништувањето на Охридско езеро

Од:

Нова герила акција во Струга против уништувањето на крајбрежјето.

Од утрово во езерото пливаат лебеди што протестираат со транспаренти на кои пишува: „Сакаме езеро“, „Имаме право на живот“, „Нема трска, нема мир!“, „Сакаме езеро“, со што се алармира на опасноста за уништување на еколошката целина на Охридското езеро и околината.

Еколозите и невладините веќе со месеци предупредуваат дека мегаломанските планови на Владата за урбанизација на брегот на Охридското езеро и на Националниот парк Галичица ќе предизвикаат уништување на животната средина и неповратни негативни последици врз биолошката разновидност на езерото.

Охридското езеро и градот Охрид имаат статус на Светско културно и природно наследство во УНЕСКО, а Националниот парк Галичица е дел од светската мрежа на биосферни резрвати.
А.Б.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски