„Помош за малиот Никол“а, под ова мото и цел, ЛК СДММ Струмица организираше хуманитарен турнир во мал фудбал. На турнирот учествуваа младите од сите месни клубови на СДСМ во Струмица а собраните средства беа наменети за лекување на малиот Никола.
„Ова претставува одлична можност младите меѓусебно да се дружат и забавуваат, но и од друга страна да помагаат на другите млади на кои што вистински им е потребна помош.
– Нас, младите социјалдемократи секогаш не краси хуманитарен и филантропски дух, кои што преку организирање на различни настани, секогаш излегуваме во пресрет и помагаме на оние на кои што навистина им е потребна помош“, изјави Столе Коциров, секретар на ЛК СДММ Струмица.