ФОТО: Груевски удри камен-темелник на катна гаража во општина Центар

Од:

Премиерот Никола Груевски и градоначалниците на Град Скопје и на oпштина Центар, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ денеска го означија почетокот за изградба на катна гаража во центарот на Скопје, до зградата на поранешна „Нова Македонија“.

Новата катна гаража е на површина од 8.438 метри квадратни, ќе има седум нивоа над земја и едно ниво под земја, со 189 паркинг-места. Проектот треба да биде завршен за 12 месеци. Инвестицијата изнесува околу 238 милиони денари. Изведувач на проектот е Пелагонија АД Гостивар.

Обезбедувањето соодветен паркинг-простор, според Груевски, е предизвик за сите поголеми градови и метрополи во Европа и во светот.

– Овој предизвик веќе подолго време е карактеристичен и за Градот Скопје, особено во последните години во кои главниот град има се поголема флуктуација на луѓе, возила и туристи. Со овој проект, но и со сите останати во делот на изградбата на улици, булевари и паркинг-простор кои во минатото се реализираа и кои во иднина ќе се реализираат Градот Скопје продолжува да се развива како модерна и функционална метропола на нашата држава, истакна премиерот Груевски.

Изградбата на оваа катна гаража, според Груевски, е во рамки на големиот инфраструктурен проект за изградба на седум катни гаражи во центарот на градот во чии рамки досега почнаа да се градат пет катни гаражи, а денеска беше поставен камен-темелник и на шестата.

– Катната гаража која ќе се изгради на ова место ќе им биде од голема полза на сите граѓани кои работат во непосредна близина како и на сите посетители на централното градско подрачје. Владата и во иднина ќе продолжи да ја поддржува Општина Центар во реализација на поставените цели, проекти и приоритети од значење за сите граѓани и сите посетители на центарот на градот, посочи Груевски.

gruevski lopata1

Градоначалникот Тодоровиќ рече дека потребата од катна гаража на оваа локација е повеќе од неопходна со оглед на, како што рече, тоа што тука се наоѓаат повеќе институции.

– Изградбата на овој објект предвидува седум нивоа над земја и едно ниво под земја. Приземјето и дел од катовите се наменети за деловен простор, на останатите нивоа над земја е распределен јавниот паркинг простор, додека на нивото под земја е предвиден гаражен простор за потребите на вработените од деловно-трговските објекти. Сите катови се поврзани со вертикални комуникации (складишно јадро и два лифта), изјави Тодоровиќ.

Ова е втора катна гаража чиј инвеститор е општина Центар, по катната гаража Судска палата која има околу 500 паркинг-места и ќе се пушти наскоро.

– Со ова, општина Центар ја докажува посветеноста во решавањето на проблемот со паркирање во централното градско подрачје, рече Тодоровиќ.

Би можело да ве интересира

Притвор за турски државјанин кој со капак од шахта тепаше сограѓанин во Скопје

А1он

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

Обвинителство: Ja убил партнерката пред петгодишно дете, па сакал да избега

Убиство во Скопје: Си ја уби сопругата, па сакаше да избега во Србија

Горан Наумовски

Во несреќен случај загина возач од Скопје

ОЈО: Гевгеличанец е осомничен за демнење, предложени се мерки за претпазливост

Горан Наумовски