(ВИДЕО) Граѓани пред Собрание: За сите криминали – затвор!

Од:

Со плакати на кои беа илустрирани разговорите од снимките на опозицијата, помеѓу владините функционери и со голем плакат на кој пишуваше „Обвинителке, многу работа те чека!“, граѓани и активисти порачаа дека будно ќе ја следат работата на новиот специјален јавен обвинител од кој јавноста очекува да расветли криминали во највисоките редови на власта.

Од Платформата за граѓанска политика АЈДЕ!, која вчера преку социјалните мрежи ги повика граѓаните на собир пред Собранието, велат дека ја поддржуваат новата специјалната обвинителка, но не безрезервно.

6

– Специјалното обвинителство има тешка и многу одговорна работа, да се справи со сите криминали, со години на местење избори, со местењето тендери, со политичките затвореници и со сите гадости и глупости што ги слушнавме во тнр. бомби што ги објави опозицијата. Ние како граѓанска платформа АЈДЕ не даваме однапред безрезервна поддршка на никого.

10

Ќе ја поддржиме специјалната јавна обвинителка доколку нејзината работа дава резултати, но доколку забележиме дека има опструкции на нејзината работа, или додека несовесно и нестручно си ја работи работата во специјалното јавно обвинителство, ние повторно ќе се бориме и бунтуваме против тоа. Ова е наша герилска акција за да го свртиме вниманието на јавноста, на значењето на овие процеси што се случуваат. Сега ја имаме единствената шанса да се поправи нешто во државава. Секое одложување, секое забошотување на овие процеси, не’ носи во многу неизвесна иднина, рече Васко Лазаревски активист од АЈДЕ!

9

Специјалниот јавен обвинител и неговиот тим, да работат целосно независно, професионално, компетентно и ефикасно и да ги процесираат во најкус можен рок криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Оваа власт мора да одговара за своите криминали и злосторства и тоа претставува врвен национален интерес! – ставот на Платформата за граѓанска политика АЈДЕ.

8

5

4

3

2

7

А.Б.

Би можело да ве интересира

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

АЈДЕ: Уставот е мртов! Борбата продолжува!

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Устав без држава не бидува

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Напнато пред Уставен суд, полицијата ја стопира колоната со демонстранти

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Огромна колона тргна кон Собранието и Уставен суд

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Почна собирањето пред Влада

Емир Латифовиќ