ФОТО: Граѓани поставија шатори пред Собрание

Од:

Граѓани утрово поставија шатори пред Собранието на Република Македонија, од каде нема да заминуваат најмалку до утрешниот ден кога се очекува потписот на претседателот на Собранието за распишување избори.

Според најавите, тие го обезбедиле просторот пред најавениот масовен собир најавен за вечерва од 18 часот, на кој ќе се бара оставка од Ѓорге Иванов, повлекување на неговата одлука за масовна аболиција на криминалот, како и одложување на изборите закажани за 5 јуни. Во спротивно ќе се повика на масовен бојкот на изборите организирани на ист начин од власта како и претходните избори за кои постојат сомневања дека биле украдени.

Голем дел од насобраните луѓе се распоредени во паркот спроти Собранието.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите