ФОТО: Градежна офанзива и во вториот круг во Битола

Од:

Продолжуваат активностите на градоначалникот Талески и во вториот круг, иако тој е кандидат од редовите на ДПМНЕ . Уште истиот ден по завршувањето на првиот круг се раскопаа нови улици, се донесоа нови бехатон-плочки до тротоарите, се поставуваат водоводни и одводни цевки, иако уште во првиот круг од опозицијата реагираа дека такви активности се недозволиви за време на изборна кампања.

bit (1)

Денес повторно реагираа од „Сојузот за иднината” во Битола:

“И покрај 8-те години на власт, во кои потрошија 200 милоини евра , а не знаеме за што, и покрај злоупотребите во највалканата изборна кампања во Македонија,Талески и ДПМНЕ повторно покажуваат, со парите на граѓаните, дека божем нешто работат и градат. Талески и ДПМНЕ продолжуваат да мачкаат очи со она што требаше, а не го сработија, за 8 години, иако добро знаат дека тоа е недозволиво во изборна кампања“, изјави Валентин Груески од „Сојузот за иднината“.

bit (3)

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?