ФОТО: „Етничка Албанија“ на бродот „Македонија“ во Охрид

Од:

Со паролата “Shqipri Ethnike” или „Етничка Албанија“ утрово осомна охридскиот брод „Македонија“.  Зборовите се испишани со големи букви и со црвен спреј, а бродарите велат дека најверојатно оваа порака е испишана деновиве иако ја забележале дури денеска.

Паролата е испишана од задната страна на бродот, и кај минувачите истата создава голем револт. Неодамна имаше обид за поставуваење на албанското знаме и на Самоиловите тврдини, но не беше дозволено.

Инаку бродот  „Македонија“, гордоста на охридската флота и на охридското бродарство е изграден во првата половина од минатиот век во бродоградилиштето Смедерево, во Србија.

[nggallery id=94]

Негов прв сопственик бил познатиот охридски трговец, Боро Фортомар. За време на втората светска војна бил потопен во близина на Горица, а по ослободувањето бил изваден и реновиран.

Бродот во изминативе години за своите потреби го користеле неколку јавни претпријатија, а последни сопственици на бродот се двајца охридски бизнисмени. Бродот во текот на летниот период се користи за туристички крстарења околу езерото

Би можело да ве интересира

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид