(ФОТО) СДСМ: Ѓубре на виртуелните индустриски зони на Груевски

Од:

„Никола Груевски во деновите пред неговото заминување ги употребува последните фантазии за инвестиции, зони, вработувања од неговиот виртуелен свет.

Виртуелните инвестиции, зони не се само празни ливади, туку на нив има и ѓубре.

Investicija2

За тоа сведочат еве овие фотографии во прилог, направени пред два дена, на местото на виртуелната индустриска зона Мауцкер, најавена во февруари лани.

На 09 февруари 2014 се испоснимаа владнини и локални функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Најавуваа исто толку убедливо, како што деновиве мафта со договори Груевски, дека на земјиштето на военото стрелиште што го предаваат на општина Охрид, ќе никне индустриска зона. Зоната ќе привлече странски и домашни инвеститори и ќе отвори нови работни места.

-Investicija3

Местото на виртуелните странски и домашни инвеститори и работни места, зоната Мауцкер, денес, година ипол подоцна, е депонија.

Индустриската зоната Мауцкер е уште една лага на Груевски.

Investicija4

Граѓаните знаат дека Груевски излажа и за други инвестиции: италијанската Орланди, турски Шишеџам, Хајер и Тривју, индиската Мадерсон, француската Монтипе, израелската Газит Глоуб, Еуро Италија, Искра Словенија, Биротекник Отомотив, Грудхост од Данска…

Никола Груевски изминатите 10 години ги лажеше и осиромашуваше граѓаните, додека работеше да цветаат тендерите и бизнисите со коишто се богатеше неговата фамилија.

Investicija5

На 24 април завршуваат лагите и валканите политики на Груевски и се отвора пат за вистински инвестиции, вистински нови работни места, за економски стабилни граѓани и напредна држава“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче од Битола: Оваа власт не ги решава проблемите на луѓето туку ги игнорира

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче од Ресен: Со СДСМ земјоделците добиваа реална помош, со ВМРО-ДПМНЕ се без субвенции и со ниски откупни цени

Костова: Делчево е пример за успешно и домаќинско водење на општина

(ВИДЕО) Шукова: Зелен кеј, модерни вело рути и безбедни јавни простори конкретни проекти за Ѓорче Петров

СДСМ: Мемов и ЗНАМ се против чистењето на депониите и ѓубрето, очајни обиди за негативна кампања