(ФОТО) Герила акција: Како Мaкедонија неславно влезе во Гинис

Од:

Во скопската населба Аеродром, на градилиштето каде треба да се реконструира улицата „Методи Шаторов Шарло“, утрово се појави табла на која пишува:

„По неуспешните обиди за најголемо оро на светот и најголемо тенџере со грав, Општина Аеродром го обели образот на Македонија.

Комитетот на Гинис за поставување светски рекорди на седницата одржана на 23 мај 2016 ја усвои молбата/барањето на Општина Аеродром за заведување на нов светски рекорд во одолговлекување на изградба на улица. Под референтен број ref. No/ Guiniis/records007864039567897/sk/mkd комитетот на Гинис потврдува дека улицата „Руди Чаевец“ (по ново „Методиј Шаторов Шарло“) во скопската населба Аеродром, во градот Скопје, во државата Македонија, започната уште далечната 2014. не е ни близу до завршување, со што оваа улица уште недовршена за цели 2 месеци го надминала рекордот кој досега го држеше улицата Мсрн Алам од општината Хакм Бага во истоимениот град од Бијафра која била градена во периодот помеѓу двете светски војни.

Свечената церемонија во присуство на претставници на Гинис ќе се одржи на крстосницата на „Р. Чаевец“ со „К. Новаковиќ“ на 32 Мај 2016 со почеток во 19 часот. На церемонијата покрај градоначалниците на Аеродром и Скопје свое учество најавија Барак Обама, Папата Бенедикт, Вселенскиот патријарх, Ајтолахот Хомеини, Ники Лауда и Наташа од 3то три.“, пишува на таблата.

Активистите ќе продолжат со герила акции во Скопје и другите градови во земјата.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Aеродромот Шарлроа во Брисел е најлошиот аеродром во светот

Горан Наумовски

Девојка од Петровец била истепана во Аеродром

Авион итно слета на аеродромот во Белград: Патникот почина, му се слошило на летот од Германија

Уапсен турски државјанин на скопскиот аеродром, со фалсификувани визи сакал да влезе во Македонија

А1он

Жена нападната на Меѓународниот аеродром во Скопје

Тепачка во Аеродром: Бабата со тврд предмет го нападнала зетот