ФОТО: Галичица ја соголеа, на големо се сечат дрвјата

Од:

Оголени површини, исечени дрва оставени покрај патот кои ги чекаат новите сопственици. Ова е сликата на националниот парк Галичица во близината на Охрид. Пред очите на секојдневните посетители се сече шумата во планинската убавица. Охриѓани секојдневно гледаат што се случува со она што со години опстојувало и ја красело Галчица.Фотографиите кои се направени се во делот над селото Трпејца.

Директорот на Националниот парк Галичица, Зоран Вељановски рече дека се што се сечe во паркот е законски и оти работат според точно утврдена програма за работа, едногодишна и десетгодишна програма според кои е точно утврдено кои делови можат, а кои не смеат да се сечат. Вељановски рече дека во тек е изработка на новата десетгодишна програма и оти истата треба да добие зелено светло од Министерството за земјоделство.

Експертите велат дека согласно македонските закони дозволено е сечење на дрвна маса во Националните паркови, но оти главен проблем е тоа што државата не ги финансира националните паркови.

„Финансирањето на Националните паркови е од сопствени извори, и државата нив не ги финансира. Најголем дел од приходите им се од сеча и продажба на дрвна маса“ рече Николче Велковски професор на Шумарски факултет во Скопје.

Екологистите сметаат дека државата треба да помогне во финансирањето на националните паркови.

„Државата треба да помогне во финансирањето на овие заштитени подрачја во Македонија.Тешко е замисливо дека искористувањето на шумата треба да биде основен извор за егзистенција на парковите“ рече Славчо Христовски, од Македонското еколошко друштво.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Голем руски напад во Суми, има загинати и повредени

Најмалку 13 лица, меѓу кои и четири деца, се ранети во регионот Суми

„Нема да ви пишеме казна, ама ќе ви ги земеме дрвата“ – уапсени вработени во Национални шуми

Анита Петровска Рајковиќ

Фалсификувал дозволи за сечење дрва – наплаќал по 200 евра од камион

Анита Петровска Рајковиќ