ФОТО: Двајца Македонци загинаа во Хрватска

Од:

Денеска во тешка сообраќајна несреќа се случила на автопатот на излезот кај Иваниќ Град, јавуваат хрватските медиуми.

Од полицијата потврдиле дека две лица загинале, три се повредина во тешката сообраќајка, во која учествувале камион и патничко возило.

soob1-500

Тие биле во автомобил мерцедес со бугарски регистарски таблички што удрил во камион со турски ознаки. Уште не се познати околностите за незгодата, освен дека мерцедесот се забил под приколката на камионот.

Во автомобилот имало пет патници, кои се враќале од годишен одмор на работа во Италија, а од нив двајца загинале на лице место.

Како што соопштуваат хрватските медиуми, девет пријатели со два автомобила се враќале од годишниот одмор во Македонија. Автомобилите оделе еден позади друг, а крајната дестинација им била Италија.

sob4-500

Цело време возеле еден зад друг, а потоа возачот на првиот автомобил во ретровизорот ја видел ужасната сцена – мерцедесот со петте негови пријатели удрил во камионот што стоел покрај патот, чиј возач застанал да ја смени пукнатата гума.

Совозачот (38) и патник на задното седиште (26), за кои хрватските медиуми пишуваат дека се македонски државјани, починале на лице место, а возачот и остатанатие двајца патници на задното седиште со со тешки повреди, но животот не им е во опасност. Повредените се пренесени во болницата во Дубрава.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он