(ФОТО) Дуел: КК Работнички – ОУ „Коле Неделковски“ во реновираната фискултурна сала

Од:

Учениците од ОУ Коле Неделковски од денеска можат да спортуваат во реконструирана фискултурна сала, со нова подлога и нов дабов паркет, кој гарантира долготрајност , функционалност и квалитет. Сега, подовите се направени по сите светски стандарди за подови во фискултурни сали.

renovirana-sala (4)

Учениците не го криеа задоволството и на паркетот ги “одмерија“ силите со играчите на КК Работнички.

renovirana-sala (3)

Наставата по физичко образование мора да биде квалитетна и затоа во сите седум основни училишта на територија на Центар, ќе работиме на подобрување на условите, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

renovirana-sala (6)

„Сакаме во сите училишта да создадеме услови учениците да станат спортски ѕвезди, исто како играчите на КК Работнички“, рече Жерновски.

renovirana-sala (7) renovirana-sala (5) renovirana-sala (1)

Учениците од училиштата во општина Центар ќе добијат и свои дресови, а општината ќе организира спортски игри.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски