ФОТО: До кога општинската каса на Штип ќе се празни поради хирови на градските татковци?

Од:

Градоначалникот на oпштина Штип, Илчо Захариев, реши  да ја поништи одлуката за дислокација на спортско- рекреативниот центар „Џексон“ –Штип.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Спортско-рекреативниот центар „Џексон“  е сместен во центарот на Штип, веднаш до Народниот театар, а е изграден пред повеќе од 50 години. Во текот на своето постоење неколкупати беше реконструиран  и издаван под концесија на повеќе приватни стопанственици.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Судбината на овој спортско-рекреативен центар стана неизвесна во јуни 2011 година, кога Советот на Општина Штип ја започна постапката за нацрт-планот за изменување и дополнување на реонот од спортскиот објект „Џексон“ до слаткарницата Пролет. Со нацрт-планот беше предвидено на местото на овој објект  да се изгради станбена зграда, но само доколку општината изгради нов спортски објект пред  тој да замине во историјата.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Зоран Алексов, градоначалник на општина Штип во периодот 2009–2013, одлуката за дислокација на „Џексон“ ја темелеше врз фактите дека овој објект не се користи при одржување натпревари и им пречи на жителите што живеат во овој дел од градот, а со продажбата на ова градежно земјиште и комуналиите што ќе ги платат инвеститорите, на сметката на општината би се слеале најмалку 500.000 евра, од кои би се изградило ново спортско игралиште.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Советниците од редовите на опозицијата застана на ставот дека се непотребни нови кредитни задолжувања за изградба на спортски објект, кога локалните власти не ги негува оние што веќе постојат.

И покрај сите негодувања и петиции од страна на штипјани, со кои бараа да се промени одлуката за дислокација на „Џексон“, на 19 ноември започна преселувањето на опремата од  спортско-рекреативниот центар, а десетина дена подоцна започна рушењето на административната зграда на овој објект во кој беа сместени и соблекувалните.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Општината не ја испочитува одлуката  донесена од страна на Советот на Општина Штип, која предвидуваше изградба на нов спортски објект пред да се изврши дислокацијата.

Директорот на ЈП „Исар“, Никола Мицевски, заедно со управниот одбор на ова претпријатие, на само три месеци пред изборите донесе одлука продажбата на три деловни  објекти што се во состав на спортско-рекреативниот центар да се изврши преку јавна лицитација.
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Според Мицевски, минималната цена по која би се продале овие три објекти би изнесувала 7.000.000 денари, а со нив би се платил дел од долгот кон Европската банка за обнова и развој,  додека одлуката за пренамената на земјиштето би била само од полза за општината.

Пред три дена директорот на ЈП „Исар“, Никола Мицевски, изјави дека по  извршената проценка од страна на општината и на граѓаните, донесена е одлука за започнување со реконструкцијата на спортско-рекреативниот центар „Џексон“. Колку ваквиот зафат ќе ја чини општината, Мицевски не знаеше да одговори.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Колку за потсетување, во предизборната програма на актуелниот градоначалник Илчо Захариев беше предвиден нов спортски објект што ќе го замени„Џексон“, но очигледно тој сега се премисли, а веднаш по него тоа го стори и Мицевски, којво предизборието, покрај директор на  ЈП „Исар“ беше иносител на советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Последните одлуки на Општината за прекин на одредени проекти што беа започнати во мандатот на претходниот градоначалник, а се покажаа како неиздржани, уште еднаш потврди дека дел од штипските советници се „слепи послушници“ на градските татковци.

Би можело да ве интересира

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он

Најдена дрога при претрес на куќа во Штип, меѓу приведените и 22 годишна девојка

А1он