(ФОТО) Димитривески: Груевски, излези од Потемкините села и зачекори во реалноста

Од:

Житомел Куманово беше фирмата која ја хранеше со леб и бели пецива најголемата општина во Македонија, Куманово и беше гордост на градот. До 2007-ма произведуваше леб, освен за Куманово, и за Крива Паланка, Нагоричане, Липково и дел од Скопје.

Денес, тоа е простор како во хорор филмовите, а се наоѓа во центаорт на градот, веднаш до Градскиот музеј.Некогаш граденото, сега е оштетено и напуштено. Фирмата е размонтирана пред очите на државата.

Претседателот на Советот на општина Куманово, Максим Димитриевски, го повикува Груевски да излезе од Потемкиновите села и да зачекори во реалноста.

Еве што напиша Димитриевски:

Оваа е само едно од НЕ – делата на ПРЕРОДБЕНИЦИТЕ од ВМРО-ДПМНЕ во Куманово…
Житомел Куманово, фирмата која ја хранеше со леб и бели пецива најголемата општина во Македонија, доживеа една контроверзна и сомнителна приватизација на која големите патриоти и економски преродбеници одговорија со реформа и нивно филмско истерување на правда и од фирма која активно работеше ја доживеја денешната судбина.
Денеска додека ги правев овие фотографии ми дојде една мисла во умот. Тито со нашите родители го изгради поранешното стопанство со лопата и крамп, денеска сите политички елити и по 25 години неможат се уште да го урнат изграденото ни со багер…
Значи ова го можеме само ние луѓето…
Нека ни служи на честа.
Груевски да излезе од Потемкините села и да зачекори во реалноста, како и да е денот се ближи, ќе даде отчет за СЕ…

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!