ВИДЕО: Полицијата не дозволи демонстрантите да се доближат до Беко, забавата ја одржаа на раскрсницата

Од:

Иако Шарената револуција најави забава пред полициската станица Беко, полициски кордон не дозволи демонстрантите да се доближат до полициската станица, по што демонстрантите забавата ја одржаа на раскрсницата пред полициската станица.

„Вечерва после протестот на Шарената Револуција ќе се забавуваме пред Беко на Информативен Разговор.

Се надеваме на присуство на министерот и добра дружба. Но искрено повеќе се радуваме на држбата со полицајците. НА СОБИРОТ НЕМА ДА СЕ ФРЛА БОЈА И СЕКОЈ КОЈ ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ФРЛИ ЌЕ БИДЕ ОТСТРАНЕТ ОД НАСТАНОТ. Кој исто собрал анимозитет кон полицајците и сака да го испразни нека седи дома.

Одиме за да се насмевнеме малку и да ги опуштиме нив, ни треба на сите малку во ова тегобно време. Да им кажеме и покажаме дека иако тие носат значки и мораат да ги слушаат наредбите на Чавков, ние сме еден ентитет. Едни граѓани, другари, комшии, братучеди и браќа. Дека знаеме како се чувствуваат кога ќе добијат наредба да викнат некој професор и студент на тие фамозни разговори. Дека сето ова го правиме и за нив. Обезбедена е музика и по некое сокче и чипс за сите“, пишува на настанот кој Шарената револуција го направи на Фејсбук.

По двочасовната забава, демонстрантите најавувајќи го протестот во понеделник си заминаа.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата