ФОТО: Чичко Димче се уште го почитува ликот и делот на Јосип Броз Тито

Од:

Чичко Димче од Охрид е еден од неколкуте охриѓани кои се уште го почитуваат ликот и делот на Јосип Броз Тито.

Облечен во униформа на која стои титовата петокрака, и значка со ликот на Тито и значка на која пишува СФРЈ, чичко Димче деновиве се прошета низ низ охридските улици.

Вака облечен беше и на прославата на 7 мај денот на македонската полиција во СВР Охрид. Вели дека ако Македонија сака да гради сигурна иднина треба да биде принципиелна кон претходните генерации и да не ги заборави социјалистите и комунистите и ликот и делото на Тито.

DSC05811

„Не смее да се заборави и премолчи социјалистичкиот развој на Македонија од 1941-1991 година, како и сите социјалисти и комунисти предводени од Јосип Броз Тито првиот антифашист во поробена Европа кој прв во историјата ги врати правата на работниците. Македонските анти социјалисти и анти комунисти не можат никогаш да го оспорат она што е запишано за Тито во британската енциклопедија дека имал позитивен однос кон македонската нација и држава и дека е заслужен што Македонија беше конститутивен дел од поранешна рече за А1 Димитрија Стојчески.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски