ФОТО: Центар се разеленува

Од:

Општина Центар во текот на минатите денови изврши преместување и повторно садење на садниците од локацијата до хотелот „Бристол“, која што се наоѓа во градежен опфат на аголот на улица „Македонија“ и улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“.

Имено, на локацијата беа посадени 8 јавори и 1 зимзелен садник, кои што по оградувањето и започнувањето на градежните работи беа извадени и им претеше сушење доколку не се пресадат.

sadnici 1

Општина Центар со своите работници за јавни работи и екипа од ЈП „Паркови и зеленило“ ги засади садниците на локација веднаш до парцелата, во тревниците околу кулата 26, на задоволство на граѓаните.

sadnici 3

Исто така, од локацијата беа извадени и 10 декоративни зимзелени грмушки, садени од Општината, кои што повторно беа засадени во алпинетумот во тревната површина во близина на локацијата.

 sadnici 4

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски