ФОТО: Центар повторно засади дрвја во паркот кај Бристол

Од:

Седум дрвја вечерва донираше и засади општина Центар на местото каде што пред два дена со асистенција на полицијата беше извршена сеча на неколку децениските дрвја, поради изградба на новата зграда на Советот за радиодифузија.

 

drvca (3)

Ова вели градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски е да се покаже дека колку и да сече власта, граѓаните можат уште повеќе да садат нови дрвја.

drvca (2)

На протестот на невладините организации се приклучија и станарите на околните згради, а најчесто поставувано прашање беше „каде е зелената Лилјана Поповска“?

На протестот беа и претставници од политички партии од опозицијата. Фросина Ременски од СДСМ, рече дека со ова дивеење и покажување на сил, власта ја покажува својата немоќ, зашто граѓаните ги сфаќаат погрешните политики.

drvca (1)

Општина Цетар постави и клупи, а засадените дрвја се четири платони и три јавори. Едно зимзелено дрво донираа и го засадија жителите на Центар.

drva-4

Би можело да ве интересира

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он