Елки и фонтани од светилки, светлечки тунели и ѕвездени неба, Центар блесна во новогодишното руво. За прв пат е украсена и најстарата скопска населба Пролет.
Спектар од бои го краси за прв пат и Капиштец.
Доминираат црвената и белата боја, а ѕвезденото небо е асоцијација за тоа дека во наредната година во желбите и надежите само небото треба да ни биде лимит и дека секој од нас заслужува оставрување на своите желби.
Посебен новогодишен шмек има и Боемска улица.
Боите на цвеќињата се прелеваат во светлетлечките украси на Цветен пазар.
Најубавите новогодишни фотографии можете да ги направите на Сквер Јадран.
Доминираат црвената и белата боја, а ѕвезденото небо е асоцијација за тоа дека во наредната година во желбите и надежите само небото треба да ни биде лимит и дека секој од нас заслужува оставрување на своите желби.
Украсената општина Центар, треба да им го направи на своите жители барем крајот на годината убав, да им ја поттикне желбата да веруваат дека секој заслужува да живее во уредена, убава и здрава средина.
Граѓаните на социјалните мрежи коментираат:
„Центар е како во бајките!“ „Секој би посакал барем еден час да живее во Центар!“
Веќе се чувствува еуфоријата за новогодишната ноќ. Центарци, но и сите скопјани на 30-ти декември ќе можат да се забавуваат со Ареа и Игор Џамбазов, а во новогодишната ноќ ќе ги забавуваат ДНК, С.А.Р.С. музиката на легендарните Ван Гог ќе го означи почетокот на Новата 2015 година. Забавата Град во градот 2 и годинава ќе се одржи на Сквер Јадран.