ФОТО: Бесплатни гинеколошки прегледи во Тетово

Од:

Центарот за Развој и Унапредување на Јавниот Живот – Тетово во соработка со Здружение на граѓани Х.Е.Р.А – Скопје спроведува безплатни гинеколошки прегледи, кои се нудат во Мобилната амбуланта за сексуално и репродуктивно здравје, која во Тетово е сместена на градскиот плоштад.

Kombe1

Акцијата се реализира во рамки на проектот „Одржување ниска преваленца на ХИВ во Република Македонија“, кој е поддржан од Министерството за здравство.

Амбулантното возило е опремено со гинеколошки стол, ЕХО апарат, медицински инструменти и материјал. Гинеколошките услуги се нудат од гинеколог-акушер и медицинска сестра-акушерка.

Kombe3

Целта на активноста е да се подобри пристапноста и квалитетот на услугите од областа на сексуалното и репродуктивно здравје помеѓу жените од тешко достапни и ранливи популации. Во мобилната амбуланта може да се изврши гинеколошки преглед, ЕХО прегледи, папаниколау тест, како и дијагноза и третман за сексуално преносливи инфекции.

Kombe4

Сите услуги кои се нудат се бесплатни и доверливи. Не се потребни сини картони, здравствена книшка или каков било документ за лична идентификација. Во текот на прегледот и советувањето дозволено е присуство само на лекарот и медицинската сестра. Сите податоци добиени за време на советувањето, како и резултатите од испитувањата, не се споделуваат со други лица.

Услугите ќе се нудат во следните 4 години.

 

Би можело да ве интересира

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски