ФОТО: Базенот во ОУ „Димитар Миладинов“ повторно во употреба

Од:

„Децата во основното училиште „ Димитар Миладинов“ ќе можат да пливаат во комплетно реконструираниот базен.

Општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски го исполнија барањето базенот повторно да биде ставен во функција, информираат од општината.

bazen

Досегашниот, кој беше во лоша состојба и во просторија полна со влага , сега е  современо место за рекреација на младите по највисоките стандарди за базени во затворен простор. Длабочината е 1.70 м.

Санирана е покривната конструкција, бојадисани се ѕидните површини, ходниците, влезот и соблекувалните.

Поставени се пумпна станица, филтри и цевовод, а секоја недела Заводот за бактериолошна исправност го контролира квалитетот на водата во базенот.

bazen 1

Комплетно се променети електричната инсталација и вентилацијата. Санирано е коритото , кое беше испукано, изградени се нови соблекувални и тоалети.

Просторијата на базенот се грее во текот на целиот ден.

За поголема безбедност на децата, поставен е и видео надзор, а сијалиците се променети со лед диоди.

bazen4

Сите ученици ќе можат да пливаат и во сабота,  без надоместок, од 10:00 – 14:00 часот, а оваа можност ќе ја имаат и за време на летниот распуст“, се вели во соопштението на Општина Центар.

.

Би можело да ве интересира

Герасимовски најави нова градинка, двосменско работење на градинките, бесплатни оброци за ученици и два нови покриени базени

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар