ФОТО: Баскер-фест во Прилеп

Од:

Изминативе два дена Прилеп беше домаќин на уличниот фестивал Баскер-фест. Ниту дождот не успеа да ги поколеба вљубениците во овој тип улични перформанси да излезат на улиците.

Прилепчани интерактивно учествуваа во незаборавната забава со претстави, пантомима перформанси, улични танчари, креативни активности што претставуваа сплет на културни, забавни и уметнички содржини.

basker-fest3

Фестивалот беше збогатен со концертни настапи на „David Neskoski Тrio“ и „Star Boу“ од Нов Зеланд во саботата , а во неделата  „Cross Road Blues“ и  „Dirty side“ од Штип на камената бина на плоштадот „Александрија“.  Гостуваа улични артисти што доаѓаат во Македонија од сите страни на светот.

basker-fest2

Уличните фестивали се значајна културна атракција во многу земји, а Македонија на оваа листа се вклучува со првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал кај нас, признат како најголем настан од ваков вид во регионот.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена