ФОТО: АРМ го одржа шестото првенство во крос-кантри трчање

Од:

Во организација на Генералштабот на АРМ денеска во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа шестото првенство во крос-кантри трчање на АРМ на 10 километри во машка и на пет километри во женска конкуренција.

Кросот, како што соопшти ГШ на АРМ, се одржал на посебно уредена патека, а настапиле натпреварувачи од сите команди и единици на АРМ, Воената Акаденија и Атлетската Федерација на Македонија.

Според соопштението, во машка конкуренција на патеката од 10 километри прво место освои Александар Стојановски од Атлетската Федерација на Македонија со време 31.50, второ место капетан Игор Јакимовски од баталјонот за специјални намени од полкот за специјални операции (пСО) со време од 33.00, а третото место го освои професионалниот војник Добре Кузмановски од баталјонот на Воена Полиција со време 34.24.

arm kros1

Во женска конкуренција најдобро пласирана беше питомец Благица Димитрова од Центарот за обука на питомци, со постигнато време 22.33, второ место освои постар водник прва класа Марија Пеликон од баталјонот за почести со време 23.02, а третото место го освои професионален војник Билјана Делоска со време 23.11.

Во екипна конкуренција, како што е наведено, кај мажите прво место освои екипата на баталјонот за специјални намени од пСО, второ место освои екипата на ренџерскиот баталјон од пСО, а трето место освои баталјон на Воена Полиција. Во женска конкуренција екипно, прво место освои екипата на Командата за обука и доктрини, второ пласирана е екипата на баталјонот за почести, а трета е екипата на ренџерскиот баталјон.

Шестото првенство во крос-кантри, на кое учествуваа околу 150 припадници на АРМ беше потврда за масовното учество на ова натпреварување, но и за изградбата на физичката кондиција и спортскиот дух како неопходни фактори за здрав живот и успешно извршување на задачите, стои во соопштението на Генералштабот.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната