(ФОТО+ВИДЕО) Владиката Агатангел: Жерновски не уривај црква, лошо ќе поминеш

Од:

Претставници на Македонската православна црква на чело со владиката Агатангел се појавија пред споменикот на Мајка Тереза со цел да ги поддржат протестите против уривањето на црквата Св. Константин и Елена.

Како што напомена владиката Агатангел, тие дојдоа да го спречат рушењето и да дадат поддршка на граѓаните.

– Ова е втор атак на Андреј Жерновски врз црквата, по барањето за укинување на веронауката во училиштата. Тој го провоцира народот во Македонија. Во 21. век во распарчена Македонија, тој сака да руши црква. Доколку почне со уривање, лошо ќе помине, изјави Агатангел.

Со присуство на протестите, своја поддршка даде и скопјанката Искра Илиевска, жалејќи се дека во општина Центар има малку цркви.

Нема цркви, народот нема кај да оди. Во Малта на пример, се прави храм ако има 60 верници – објасни Илиевска.

Демонстрантите веќе се наоѓаат пред седиштето на општина Центар, каде со транспаренти дојдоа да изразат револт против стопирањето на изградба на црквата Св. Константин и Елена.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец