ВИДЕО: -20% на цените во кафеаните во Дебар Маало

Од:

Секој понеделник, почнувајќи од 2-ри март, во 13 кафеани во Дебар Маало, сите граѓани ќе имаат попуст на целото мени од 20%.

Ова го договорија сопствениците на угостителските објекти и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, со што им се излезе во пресрет на барањата на граѓаните,велат од општината.

Boemska (1)

„Заедничка цел ни е легендарните кафеани во Дебар Маало да заживеат целосно. Го почнуваме и проектот Боемски кварт, 4 пати во годината Дебар Маало ќе живее со звукот на староградската музика, тамбурашите и далматинските клапи“, најави градоначалникот Жерновски.

Boemska (2)

Сите кафеани кои ја поддржуваат акцијата ќе бидат видливо означени, со соодветни налепници.

Boemska (3)

„До крајот на годината ќе биде завршен проектот „Боемска улица“. Ќе се простира од улицата Ѓорги Пешков, преку кружниот тек кај ресторанот Идадија, се’ до влезот на градежниот факултет, рече Жерновски.

Boemska (4)

Ова се кафеаните каде што од понеделник ќе почне спроведување на акцијата “-20%“:

Ганза, Читална, Чардак, Чамо, Канцеларија, Идадија З, Идадија М, Гурмет, Кај Перо, Дада, Наша Софра, Дебар Маало и Скопски Мерак“, велат од општина Центар.

Boemska (6) Boemska (7) Boemska (10) Boemska (11)

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар