Форум за зајакнување на капацитетите на општинските совети

Од:

Над 70 новоизбрани претседатели на општинските совети учествуваат на дводневниот форум „Зајакнување на општинските совети: Нов почеток за локалната демократија” што од денеска се одржува во Струга.

Целта на средбата, организирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка, е да поттикне дискусија за претседателите на советите за приоритетите и потребите уште од самиот почеток од нивниот мандат.

– За разлика од градоначалникот кој професионално ја врши својата функција, членовите на советите имаат своја основна професија, а функцијата ја извршуваат дополнително. Но, тоа не значи дека одговорноста на членовите на советите пред граѓаните е помала. Напротив, најголемата одговорност пред граѓаните ја имаат токму членовите на советите, затоа што нивните два прста одлучуваат за донесувањето на буџетот, но и за трошење на јавните пари, за деталните урбанистички планови, за цените на услугите, за работењето на јавните претпријатија во општината, на градинките и на училиштата, изјави министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум