Во Скопје денеска ќе се одржи форум за јавните капитални инвестиции и регионалниот развој со кој Министерството за локална самоуправа ја почнува јавната дебата за ефектите од имплементацијата на политиките за рамномерен регионален развој.
На форумот најавено е присуство на министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и постојаната претставничка на УНДП, Луиза Винтон, а обраќање ќе имаат заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески и претставникот на УНДП, Хералд Шенкер.
Планирано е да биде презентирана и анализата за ефектите од капиталните инвестиции на развојот на планските региони, подготвена од Силвана Мојсовска, професор на Економскиот институт во Скопје.
Поканети се градоначалниците – претседатели на советите на осумте плански региони, раководителите на центрите за развој, претставници од надлежните министерства, ЗЕЛС и од граѓанскиот сектор.