Форум: Правна држава и владеење на правото се врвни приоритети

Од:

Од пред нешто помалку од една година актуелната Влада и владините политики настојуваат да вратат нешто што е во генетскиот код на граѓаните. Нешто што е составен дел од модерна Европа. Тоа не прави она што сме – граѓани еднакви пред правото и правдата, рече премиерот Зоран Заев денеска на Форум за владеење на правото во ЈИЕ.

Како дел од Европа и Република Македонија, посочи, е наследничка на политичката филозофија во која што сувереноста на владеењето на правото и правната држава се врвен принцип.

– За Македонија како и за сите европски земји владеењето на правото не е само инспирација, туку исто така е аспирација. Наш стремеж: принцип кој ги води и нашите внатрешни и надворешни активности, рече Заев.

Според него, за да биде цврсто утврдено владеењето на правото, граѓаните треба да видат дека сите институции на државата, не само оние на правдата и безбедноста, се таму, за да им служат токму нив, на граѓаните.

Заев посочи дека минималниот пакет на правна безбедност и владеење на правото во основа треба да содржи систем на правна заштита и правни услуги кои им овозможуваат на луѓето да ги остварат своите права во сите сфери – политички, економски и општествени.

Додаде дека судските институции треба да обезбедуваат ефикасен и непристрасен пристап до правдата, гаранции за фер судење и еднаквост пред законот, а затворските системи да ги почитуваат принципите на човековите права.

– Искуството од скорешното минато низ кое поминаа граѓаните на оваа земја во заробената држава, им даваат на заштитата на нашите основни вредности, на основните човекови права, на демократијата и на владеењето на правото – ново значење, рече Заев.

Тој изрази уверување дека враќањето на правната држава и владеење на правото ја прифатил како една од неговите приоритетни задачи на која и приоѓа со најголема одговорност.

– Целта на сите земји во Европа мора да биде, да осигура дека владеењето на правото никогаш нема да се отуѓи од човекот, и дека граѓаните секогаш можат да сметаат на правдата, а со тоа и на сигурноста, а најмногу од се на достоинството, рече Заев.

Британскиот амбасадор Чарл Гарет во своето обраќање истакна дека Владата на Заев ги постави реформите во правосудството за свој приоритет, а Велика Британија како и сите блиски партнери на Македонија сака тие да успеат. Тој посочќи дека е познато дека реформите не се лесни и се осврна особено на делот, кој вели, носи посебни предизвици, а тоа е индивидуалната и институционалната одговорност.

– За секоја реформа да успее потребно е повеќе од нови закони, нови институции или нови насоки. Исто така, потребно е сите што се вклучени да преземат професионална одговорност во согласност со задачата која ја извршуваат. Многу ќе се повикаат на извештајот на Прибе од 2015 година во кој се дадени причините за политичката криза во Македонија, на неговите забелешки за тоа колку често официјалните претставници одбиле да донесат одлуки, да преземат одговорност, но и дека постојат и официјални претставници кои носеле одлуки кои не се во согласност со професионалните барања, туку со кои верувале дека ќе ги задоволат политичките лидери, рече Гарет.

На дводневниот форум учествуваат над 150 претставници на правосудните институции од Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, како и девет сегашни и поранешни судии од Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Форумот е во организација на AIRE Центарот и (Advice on Individual Rights in Europe) и Civil Rights Defenders, со поддршка од Британската влада, Шведската агенција за меѓународен развој и Советот за регионална соработка.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов