Форум на жени на ДОМ: Еднакви права-не помалку за жените, не повеќе за мажите!

Од:

„Форумот на жени на ДОМ им го честита Меѓународниот ден на жената-8ми Март на сите жени во Република Македонија.

Унапредување на правата на жените како фундаментални човекови права е предуслов за одржлив економски развој и просперитетно демократско општество. Затоа еден од петте Зелени програмски приоритети на ДОМ е родова рамноправност, еднакви можности и недискриминација. Со цел унапрeдување на родовата еднаквост ДОM се залага за:

• Активно учество на жените во политичкиот живот преку промена на изборниот модел: Македонија-една изборна единица, отворени листи, 50% жени и мажи на нив и квоти за градоначалнички

• Економско јакнење на жените преку поддршка на женското претприемништво со сериозни буџетски средства, развивање на мерки за активна улога на жените на пазарот на трудот со фокус на „озеленување“ на националната економија и создавање нови „зелени“ работни места, поголема застапеност на жени управители и претставници во управни и надзорни одбори, овозможување баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот на жените со овозможување опции за флексибилно работно време по избор на жените, зголемен број на градинки и целодневна работа на градинките

• Ефикасна борба против мобинг на работното место

• Ратификација на Истанбулската конвенција за борба против насилството врз жените и девојчињата и домашното насилство

• Измена на Законот за заштита од дискриминација со додавање на родовиот идентитет и сексуалната ориентација како основ за дискриминација и доследно почитување на човековите права, еднаквите можности и толеранција на различностите

• Унапредување на здравствената заштита на жените преку овозможување целосен опфат на жените со примарна гинеколошка здравствена заштита, измена на Законот за абортус, унапредување на превенцијата и лекувањето на сексуално преносливите болести и воведување сексуално образование во училиштата

Со цел промовирање на родовата еднаквост, Форумот на жени на ДОМ денес се придружува на „Маршот за правата на жените” организиран од Платформата за родова еднаквост, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Се откажуваат патувањата за 8 март: На граѓаните им доцнат пасошите, агенциите веќе ги платиле хотелите

Орце Костов

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски