Форумот на младите на Движењето БЕСА денеска пред Државната изборна комисија објави, како што велат, нови детали од нивната работа на терен по објавувањето на изборната листа со гласачи кои ДИК планира да ги избрише од листата ако тие во меѓувреме не се пријават.
„Како што сме изјавиле неколку пати овие денови, во тој список има луѓе, граѓани на оваа држава, кои со години не патувале надвор од Македонија, кои им плаќаат даноци и разни приходи на оваа држава, затоа е парадоксално тие луѓе да бидат принудени да го потврдат нивното присуство.
И покрај лошите вести, денеска сме тука да ви соопштиме една добра вест. Во избирачкиот список за бришење најдовме и четири лица кои ја одобрија оваа листа. Тие се: 1. Али Ахмети, роден на 4-ти јануари 1959-та во селото Зајаз, Кичево, со живеалиште на неколку адреси во Зајаз, Кичево, Скопје, Тетово, Швајцарија и Албанија; 2. Зоран Заев, роден на 8-ми октомври 1974-та во Струмица, со неколку станбени адреси во Скопје и Струмица; 3. Никола Груевски, роден на 31-ви август 1970-та во Скопје, со живеалиште во три станови и неколку куќи во Скопје; 4. Мендух Тачи, роден на 3-ти март 1965-та во Тетово, исто така со многу адреси на живеење во Тетово и Албанија.Иако ние жал што многу други граѓани се дискриминирани, бришејќи ги од листата, ние искрено се радуваме што токму овие лица ќе се избришат, бидејќи тие и така заслужуваат да се избришат не само од избирачкиот список туку и од политичката сцена на оваа земја. Бидејќи создадоа фиктивни листи, па дури и самите станаа фиктивни, сега сме веќе сигурни дека и наредните избори во Македонија ќе бидат фиктивни. Затоа честито фиктивна Македонија!“, велат младите на Беса.