Форум на лидери од Мрежата на либерали на ЈИЕ

Од:

Мрежата на либералите на Југоисточна Европа (ЛИБСЕЕН) по повод 10-годишнината од нејзиното воспоставување, денеска во Скопје ќе се одржи форум на лидери, чиј домаќин е Либерално Демократската партија во Македонија.

Како што е најавено, на форумот ќе присуствуваат претседателот на Алијансата на Либералите и Демократите во Европа (АЛДЕ) Ханс ван Баален, претседателот на ЛИБСЕЕН Роман Јаќич, претседателот на Либерално демократската партија на Србија Чедомир Јовановиќ, поранешната премиерка на Словенија Аленка Братушек, како и други претставници од Европа.

На форумот од организаторите најавено е присуство на министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров, заменик претседателот на владата на Македонија Бујар Османи, како и на претседателот на ЛДП во Македонија и пратеник Горан Милевски.

Тема на форумот ќе биде 10-годишната соработка на земјите од регионот и перспективите на либерализмот, како и забрзување на интегративните процеси на земјите од ЈИЕ во НАТО и ЕУ: приоритет, политика, имплементација, интеграција.

Би можело да ве интересира

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори