Форум: Интеграциите во ЕУ и реформскиот процес на Поглавјето 20

Од:

Развојот на претпријатијата и добрата индустриска политика, што се вклучени во Поглавјето 20, се важни во процесот на хармонизирање на законодавството со Европската Унија и во целокупниот процес на преговори. Земјата добро напредува на тој план со усвојување на новата Индустриска стратегија 2018-2027.

Ова беа главните пораки на првиот ден од меѓународниот форум „Интеграциите во Европската Унија и реформскиот процес на преговарачкото поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“, во организација на Фондација за Претприемачки сервис за млади.

Фрек Јанмат шеф на оперативниот оддел на Делегацијата на ЕУ во Скопје, рече дека овој форум доаѓа во вистинско време и оти се надева дека Северна Македонија ќе ги почне пристаните преговори оваа година.

– Што се однесува до Поглавјето 20, за претпријатија и индустриска политика, ќе го видиме напредокот што е направен досега, што сметам дека е доста добар, Владата има добри политики да го подобри приватниот сектор, рече Јанмат.

Оцени дека Северна Македонија добро напредува на т.н. Рамка за мали бизниси на ЕУ (Small Business Act), што е еден вид показател за Унијата да види какви се политиките на земјата кога станува збор за приватниот сектор, за малите и средни претпријатија.

– Форумот е исто така можност да се видат искуствата од другите земји-членки на ЕУ и е многу важно Северна Македонија да фати чекор со новите развојни достигнувања во индустриската политика и претпријатијата, дигитализацијата… Сите овие нови достигнувања земјата несомнено треба да ги имплементира во својата индустриска политика, истакна Јанмат.

Тој ја поздрави новата индустриска стратегија на Владата 2018-2027, која како што рече, обезбедува долгорочен план за индустриски развој и истакна дека е добра економска основа за процесот на пристапување на земјава кон Унијата.

Роберт Ракар, извршен директор на Стопанската комора на Приморска, Словенија, рече дека стопанските комори во Словенија биле доста активни во пристапниот процес.

– Ние го почнавме процесот за пристапување во 1997 година, и искуствата што ги добивме и подготовките на нашите компании, ќе бидат доста корисни за македонските стопански комори, како да се подговат компаниите, менаџментот, да го усвојат работниот процес и како да допрат до нови пазари, што е можно побезболно, рече Ракар.

Посочи дека Словенија е иста по големина со Македонија, со околу два милиони жители, и предизвиците со кои тие се соочувале се доста слични со нашите.

– Во Европа не тече само мед и млеко, вие мора добро да се подготвите, за да добиете колку е можно повеќе кога ќе станете членка на Унијата, оцени извршниот директор на Стопанската комора на Приморска.

Зоран Павловски, државен секретар во Министерството за економија, рече дека во новата индистриска стратегија 2018-2027, се интегрирани мерките од Планот за економски раст кои беа поделени во три столба, а со цел за поддршка и поттикнување на инвестиции во земјава, како домашни така и странски.

Софија Цали Кузманова од Фондација Претприемачки сервис за млади, рече дека проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“ финансиран од ЕУ го работат две години.

– Целта беше граѓанскиот сектор да се вклучи во овој реформски процес, за да можеме и останатите чинители кои е потребно да работат активно на овие реформи кои ЕУ ни ги налага, да можат да се вклучат како една платформа, и да можат да се вклучат во овој процес да разменат знаења и искуства, рече таа.

На форумот учествуваат 80-тина експерти во областа на Поглавјето 20, претставници од релевантни национални и регионални инстиуции, стопански комори, бизнис инкубатори, технолошки паркови, факултети и компании.

Целта е да се овозможи вмрежување како и размена на добри практики во областа на Поглавје 20. Покрај можностите за вмрежување на меѓународно ниво, настанот ќе овозможи и промоција на активностите на новоформираната платформа „Поглавје 20“, како и ќе промовира регионална соработка за креирање подобри индустриски политики и политики за малите и средни претпријатија.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески