А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Формирањето Анкетна комисија за Онкологија во време кога има активна истрага е недозволиво, смета Џолев

by А1он19/10/2023 - 17:1319/10/2023 - 17:39367
Share0

Формирањето собраниска Анкетна комисија за случајот Онкологија во време кога има активна истрага е недозволиво нешто. Тоа е нормално доколку истрагата е затворена, меѓутоа во време на активна истрага тоа е опструкција, смета претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев.

Добивај вести на вибер

Според Џолев, се контаминира истражниот процес, а нема никаква реакција за тоа.

– Тоа е нормално доколку истрагата е затворена и е поминат поголем временски рок. Во таков случај, да, меѓутоа во време на активна истрага тоа е опструкција. Ја прибавуваат целата документација, сослушуваат, значи го контаминираат истражниот процес и нема никаква реакција за тоа, вели Џолев на денешниот брифинг со медиумите.

Прашањето што, според претседателот на Кривичниот суд, треба да се постави е како е можно да се води паралелно истрага, односно да се сослушуваат истите луѓе што ги сослушува и обвинителство.

– Потоа кога ќе дојдат во суд, одбраната ќе кажува ова веќе не може да се користи како доказ, поради тоа, тоа, тоа… па повреди, па Стразбур и така натака. Многу е комплицирано, иако можеби од страна не изгледа така, појаснува Џолев.

ivan dzolev

Би можело да ве интересира

Претседателот на Кривичен суд Џолев избран за судија во Апелација

Катерина Ѓуровски26/05/2025 - 13:3726/05/2025 - 13:37

Џолев:Секоја година имаме сѐ повеќе предмети, а сѐ помалку судии и судски службеници

Катерина Ѓуровски30/04/2025 - 12:02

Џолев: Не сме тука да водиме војни, проблемите во судството се заеднички

Горан Наумовски05/12/2024 - 14:58

На Џолев утре му завршува мандатот во Кривичен, ќе има в.д. претседател до избор на нов

Кристијан Ландов02/11/2021 - 16:1802/11/2021 - 16:54

Арсовски: Џолев има избор или да биде слуга на Зоран Заев или да го почитува законот

Катерина Ѓуровски10/06/2021 - 13:33

(ВИДЕО) Џолев: Не сме праќале повторно барања за симнување на имунитетот на пратеници

Сандра Бошковска25/02/2019 - 14:4625/02/2019 - 15:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен