Формирана работна група за Националната стратегија за соработка со дијаспората

Од:

Министерот задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, после едномесечните консулатации, денес ја потпиша одлуката за формирање на работна група за Националната стратегија за соработка со дијаспората која ја сочинуваат претставници на министерствата кои имаат надлежности во области важни за дијаспората, и претставници од граѓански организации, и индивидуалци, кои работат на прашања и теми врзани за дијаспората.

„Ова е првиот чекор кон она за што се залагаме, а тоа е институционален пристап кон градење на меѓусебна доверба помеѓу институциите и дијаспората, истовремено, овозможувајќи сите чинители во оваа област директно да учествуваат во креирањето на идните политики кои се врзани за дијаспората, пред сè во делот на политичките права, административно-правните процеси, економско-инвестиционата клима, култура, образование, наука и млади“, вели Адеми.

Процесот на изработка на стратегијата ќе вклучува консултации, јавни дебати и целосна инклузивност со сите засегнати и заинтересирани страни, со цел да се добие документ со јасни и прецизни решенија на прашања што се од интерес и на државата и на дијаспората.

Во изготвување на Националната стратегија за соработка со дијаспората со советодавна улога активно ќе учествува и Меѓународната организација за миграција, IOM (International Organization for Migration), преку експертот по прашања на миграции, проф. д-р Верица Јанеска од Универзитетот Св.Кирил и Методиј, Економски институт – Скопје.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски