Формирана Платформа за јакнење на улогата на Ромите во општеството

Од:

Во Скопје денеска официјално беше промовирана платформата на ромски граѓански организации „Мојот глас – моја одговорност“.

Целта поради која се формира Платформата, како што информираат оттаму, е да се овозможи активно учество на припадниците на ромската заедница во политичкиот систем, можност тие да дадат придонес кон развој на демократијата и демократските процеси преку фер и демократски избори, да се за политичка едукација на припадниците на ромската заедница и обезбедување на услови за спроведување избирачкото право, за обезбедување на отчетност и транспарентност од избраните претставници во Парламентот, како и активно учество и придонес во креирањето на јавните политики, донесувањето на одлуките и нивно спроведување.

Носители на иницијативата се пет граѓански организации „Иницијатива за социјална промена „ИНСОК“ – Скопје, Здружението за развој на ромската заедница „СУМНАЛ“ – Скопје, Хуманитарно добротворно здружение на Ромите „Месечина“ – Гостивар, НВО „КХАМ“ – Делчево и Национален ромски центар – Куманово.

Активностите на платформата ќе бидат насочени кон политичка едукација на припадниците на ромската заедница, вклучување на Ромите во процесот на набљудување на изборниот процес, обезбедување транспарентност и отчетност на политичките партии пред и по изборниот процес…

Платформата, како што посочуваат оттаму, е отворена за соработка со сите правни и физички лица кои со својата стручност, посветеност, работа и резултати сакаат да дадат придонес кон развојот на ромската заедница во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

ВИДЕО: По заканите со убиства и тепачки, учесникот на протестите во Битолско му се извини на целиот државен врв

Катерина Ѓуровски

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан