Формиран Совет за здравство на Либерално-демократската партија

Од:

Во просториите на Либерално-демократската партија, вчера, се одржа првата, конститутивна седница на Советот за здравство на ЛДП.

„Во Советот членуваат еминентни професори, магистри и доктори на науки, субспецијалисти, специјалисти и други експерти од повеќе области на здравството.

Исто така, на седницата е разгледана актуелната состојба во здравството.

Во иднина, Советот ќе дава инцијативи од областа на здравството, активно ќе се вклучи со предлози и проекти во изработката на програмата на ЛДП, во делот за здравството, а воедно ќе обезбедува стручна поддршка на пратенците на ЛДП во Собранието на Република Македонија.

За претседател на Советот е избран професор Д-р Никола Пановски.

На седницата, како гости, присуствуваа и претседателот на партијата, Горан Милевски и потпретседателот, Зоран Шапуриќ“, се вели во писменото соопштение на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори