ФООМ – 25 години поддршка за силни и активни граѓани и демократско општество

Од:

Поради креираните модели за бесплатна правна помош забележан е напредок во преземањето дејствија при кршење на човековите права на лицата од маргинализираните заедници во Македонија, како и поголема мотивираност кај нив, беше заклучено на денешната панел-дискусија, што се одржа по повод 25-годишнината од постоењето на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ).

Адвокатката Хајди Штерјова Симоновиќ посочи дека бесплатната правна помош за маргинализираните зедници е потребна бидејќи поради стигмата, почесто им се кршат правата и се дискриминирани.

– Истражувањата покажуваат дека овие лица се соочуваат со повеќе правни проблеми од другите граѓани. Нивниот пристап до правдата е отежанат и немаат доверба во институциите на системот, а поради тоа се демотивирани, нагласи Штерјова Симоновиќ.

Таа објасни дека бесплатната правна помош, што е вон законот за бесплатна правна помош, е прилагодена, лесно достапна, доверлива, односно анонимна, доброволна и лицата кои ја спроведуваат имаат неосудувачки пристап кон луѓето кои ја бараат правната помош, а опфаќа конкретна правна помош, советувања, упатувања, изготвување на правни документи, контакти со инстутуции и организации, судско застапување на стратешки случај, како и информирање и едукација.

Марина Јовановска, правничката од РОМА С.О.С наведе дека при повреда на правата на Ромите, како дел од маргинализиранита заедница, се користи алатката литигација, во комбинација со други алатки, како дел од пошироката Методологија за застапување, а со цел да се изгради база на случаи за предметното право, тестирање на постојаното право и зајакнување на маргинализираните групи.

– Тоа е особено важно, поради отсуството на судска практика, изречените казни и во мал број повредените судски постапки кои не соодветствуваат со сторените повреди, како и влијанието на лекарската професија при остварување на здравствените права, истакна Јовановска.

Фондацијата Отворено општество – Македонија, веќе 25 години се залага за создавање на динамично и толерантно општество, во кое граѓаните се силни, активни и вклучени, а властите се одоговорни, отчетни и отворени за соработка.

ФООМ вложи повеќе од 145 милиони долари за подобрување на животот на граѓаните преку континуирана поддршка на иницијативи кои овозможуваат подобро образование и здравство, владеење на правото, почитување на човековите права, плурализам во медиумите и слобода на говорот.

Би можело да ве интересира

ФООМ донира 100 илјади долари за најзагрозените ромски семејства

Ана Ололовска

ФООМ додели награди за средношколци и наставници

Ана Ололовска

ФООМ бара итно повлекување на законската измена за заменици директори во јавните претпријатија

Наум Локоски

НОВУС го заврши сетот на обуки за запознавање на младите со европските политики и институции

Ана Ололовска

Фондацијата „Отворено општество“ бара официјална потврда од ЈО за истрагите против НВО секторот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Фани Каранфилова Пановска: Обидот да се исценира случај за парите на УСАИД е надвор од здравиот разум

Ана Ололовска