Фондација од Битола доби 10.000 евра од добротворниот базар на НАТО

Од:

Фондацијата за нови технологии, иновации и трансфер на знаење „Гаус институт“ од Битола доби 10.000 евра донација на денешната донаторска церемонија по повод добротворниот базар на НАТО за 2016 година, јави дописникот на МИА од Брисел.

Според претседателот на бордот на „Гаус институтот“ др. Игор Неделковски, средствата ќе бидат донирани за набавка на специјално прилагодена информатичка опрема за слепи лица и лица со оштетен вид во Битола, со посебен акцент на софтвер на македонски јазик, прилагоден за употреба од нивна страна.

Манифестацијата „Добротворен базар на НАТО“ се одржува од 2005 година каде што мисиите на земјите-членки и партнери на Алијансата, преку продавање и промоција на национални производи собираат средства за донации, а ова е втор пат македонскиот „Гаус институт“ да добие донација од оваа добротворна манифестација на Алијансата. Прв пат, овој институт од Битола има добиено исто така 10.000 евра во 2013 година, што е максимален износ, а тие средствата беа употребени за купување опрема за спортски активности на инвалидизираните лица од Битола, додека со дел од средствата била набавена и специјална мета за тренинг на параломпијската шампионка Оливера Наковска – Бикова.

Инаку, на годинашната манифестација по повод ланскиот НАТО-базар, беше претставено дека се собрани рекордни средства во висина од 213.880 евра, кои на церемонијата беа доделени на шест белгиски и 20. меѓународни апликанти, меѓу кои и македонскиот институт.

Условите за аплицирање на здруженија и организации за добивање донација за Добротворниот базар на НАТО 2017 се наоѓаат на веб страната на базарот – www.natocharitybazaar.org.

Би можело да ве интересира

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани

Гори големо стрниште во околината на Битола

Мирен протест во Битола: Институциите дозволија живи да горат деца, да гори младината иднината на државата

Битолчани – шампиони во селектирање отпад: Успешно одложени 1 милион парчиња амбалажа во 2024 година