Фон дер Лајен: Со Договорот од Преспа, проблемот го претворивте во можност

Од:

Проблемот го претворивте во можност, рече германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лајен по средбата со нејзиниот грчки колега Евангелос Апостолакис. Договорот од Преспа се најде на агендата разговори на двајцата министри на нивната средба во Атина, а во кусите изјави за медиумите Апостолакис и Фон дер Лајен ја истакнаа важноста на решението меѓу Северна Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

– Овој договор е вистински европски договор, базиран на вредностите што ги има Европа бидејќи можевте проблемот да го претворите во можност, рече министерката за одбрана на Германија.

Истакна дека Грција секогаш била поддржувач на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во евро- атлантските организации.

-Во овие рамки Договорот од Преспа е пример за решавање на долгогодишен спор во регионот, со мирни средства. Согласно предвиденото од Договорот од Преспа, Грција ќе ја поддржи трансформацијата на вооружените сили на Северна Македонија за време на процесот на интеграција на земјата во НАТО, рече министерот за одбрана на Грција.

Урсула фон дер Лајен и Евангелос Апостолакис на нивната средба во грчкото Министерство за одбрана ги истакнаа тесните безбедносни односи меѓу двете земји и разговараа за зајакнување на билатералната одбранбена соработка.

Министерката за одбрана на Германија, по средбата со нејзиниот грчки колега, заедно со лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, учествуваше на настан организиран од Секретаријатот за меѓународни односи на Нова демократија и Институтот за демократија Константинос Караманлис, под наслов „Европската народна партија: ја гарантираме безбедност на ЕУ – ја градиме нашата заедничка иднина“.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Сакаме добрососедски односи со Северна Македонија, но не толерираме селективно усогласување со меѓународното право

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Државниот врв во Северна Македонија систематски го крши Преспанскиот договор, Грција ги повторува обвинувањата

Катерина Ѓуровски

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

Мицотакис: Грција нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање доколку соседната земја продолжи со актуелната тактика

Мицотакис ќе го отвори прашањето за непочитување на Преспанскиот договор на самитот на НАТО, нема потврда за средба на премиерите