„Фокус“: Заев и Груевски на состаноци? Пешевски нов премиер?

Од:

Денешен „Фокус“ пишува дека имало тајни политички средби меѓу Груевски и Заев. Откако опозиционерите навестиле дека поседуваат досие со компромитирачки материјали за власта, имало неколку такви средби, затоа што според Неделникот секој сака да извлече максимум во дадената ситуација или да ја сведе штетата на минимум.

„Заев би сакал да ја истргува бомбата за техничка влада, која ќе му овозможи контрола врз изборниот процес, но прашање е зошто Груевски би му го исполнил ова барање кога може лесно да преживее низа скандали со ваква медиумска поставеност. Каква е улогата на Ахмети во целата разврска и зошто се среќавал со Црвенковски“, прашува „Фокус“.

Како што посочуваат Заев побарал исполнување на сите барања за фер изборен натпревар, а Груевски побарал да се разговара без уцени и условувања, по можност понастрана од рефлекторите на јавноста.

Според една од шпекулациите, како што пишува „Фокус“, поттурната и од преставници на ВМРО-ДПМНЕ, доколку евентуално дојде до формирање техничка влада, која би можел да ја предводи вице-премиерот Владимир Пешевски.

Пешевски за ова вели дека се работи за чиста шпекулација.

Весникот прашува дали ќе се објават или ќе се тргува со аферите. Посочуваат дека се уште не се знае кога ќе „оддекне бомбата“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски