Флекенштајн: Ако има коалиција изградена со 67 лица, тогаш тие треба да добијат можност да формираат Влада

Од:

Пратеникот од редовите на европските социјал-демократи во Европскиот парламент, Кнут Флекенштајн, денеска на дебата „Кризата на демократијата на Западните Балкани“, како дел од тројката европратеници што псоредува за смирување на политичките тензии во Македонија, но и гласноговорник на социјал-демократските ставови во Европарламентот, порача дека е разочаран од случувањата во македонската држава. Сепак, германскиот социјал-демократ, кој побара и санкции за индивидуални лица од Македонија, порача дека Европската унија треба „најпрво да се обиде со демократија“ во однос на разрешување на долготрајната македонска политичка криза, јави дописникот на МИА од Брисел.

– Да, разочаран сум многу во однос на тоа како да се излезе од ова состојба. Одговорот е да пробаме со демократијата. По изборите, ако има коалиција изградена со 67 лица, тогаш тие треба да добијат можност да формираат Влада. А, ако тоа не функционира, тогаш ќе сугерирам да се гласа за другите следниот пат. Како што знаете, ВМРО не сака да се тргне. Затоа, јас мислам дека гласачите треба да знаат дека никој во ЕУ, дури ниту во европската партија на Груевски не ја поддржува таа политика. Гласачите треба да слушнат дека ова не е прашање за лево или десно, туку е прашање за демократија. Знам дека е сензитивно прашање за некои личности, но ние гледаме паралелно за тоа дали заедничко решение е можно. Но, на крајот е јасно, гласачите избраа и тие што се собраа треба да имаат шанса, порача Флекенштајн.

На денешната дебата во Европскиот парламент во Брисел, кусо учествуваше и европратеникот од Европската народна партија (ЕПП), Едвард Кукан, кој ја осуди „поларизираната реторика од некои ЕУ-земји на Балканот“ и порача дека и Унијата трбеа нешто да му испорача на Балканот, а не само да бара.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата