Физички оштетувања на реквизити во „Паркот на шампионите“

Од:

„Изгребан и оштетен реквизит, кој истовремено претставува и главната ознака на „Кока кола активната зона“, денес е забележан во „Паркот на шампионите“, каде неодамна Скопска пивара донираше спортски реквизити за битолчани. На направеното оштетување, евидентна е нечија волја да се остави намерна штета на овој елемент кој е дел од активната зона, која за битолчани претставува прекрасен простор за рекреација, релаксација и дружење.

Со цел, ваквата тенденција на уништување на спортските реквизити да запре, Општина Битола, денес побара од СВР Битола, да преземе соодветни дејствија, со цел пронаоѓање на сторителите на споменатите оштетувања.

Покрај ова поголемо оштетување, евидентирано е оштетување и на други реквизити, кои се дел од од спортските реквизити во „Паркот на шампионите“, велат од Општина Битола.

Општина Битола, верува дека, со ваквото свое делување ќе овозможи заштита од понатамошни вандалски однесувања чии последици се на штета на сите граѓани, а истовремено ќе се даде заеднички апел во насока на совесно однесување кон зачувување на општото добро.

„Токму затоа, треба да го чуваме се она што претставува инвестиција или донација, а е во функција на збогатување на секојдневието на сите граѓани“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се насилниците кои од Швеѓанец земаа блузата на која имало исцртано глава на орел

Горан Наумовски

Маж од Австралија е пронајден починат во хотел во Битола

(ВИДЕО) Куновски: Четири години битолчани се сведоци на недомаќинлук, аздисаност и лицемерие

Габриела Илиевска од „Поинаку“ кандидатка за градоначалничка на Битола