Физички нападнат сопственикот на интернет порталот „Репортер“

Од:

Три маскирани лица синоќа околу 23:30 часот физички го нападнале 48-годишниот Горан Наумовски, сопственик на интернет порталот „Репортер“.

Како што денеска соопшти МВР, на Наумовски му се нанесени повреди во пределот на главата, скршена му е едната рака и рамото. По инцидентот тој е пренесен и задржан на лекување во Градската општа болница „Наум Охридски“.

Според Наумовски, кога синоќа излегол од својот автомобил пред зградата каде што живее и кога се упатил кон влезот ненадејно бил нападнат од три маскирани лица, облечени во црно, кои што се нафрлиле на него и го мавале со метални шипки по целото тело.

Се преземаат мерки за откривање на сторителите. Полицијата синоќа беше во градската болница каде што е задржан Наумовски и земаше исказ од основачот на „Репортер.мк“.

 

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он