Физичка пресметка во кичевското село Лешница

Од:

Во текот на вчерашниот ден, околу 13:30 часот, во полициската станица Кичево пријавено е дека во Итната медицинска помош, со повреди бил донесен Б.А. (17) од кичевското село Лешница.

– Според пријавеното, истиот ден во селото Б.А. бил физички нападнат од З.М.(21) од истото село и Д.Ј.(16) од Кичево. Против напаѓачите, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР – Охрди, Стефан Димоски.

Тој истакна дека во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, каде спаѓа и Кичево, во целост се почитувал полицискиот час.

Димоски посочи дека во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.

На подрачјето на СВР – Охрид, полициските службеници извршиле 28 контроли врз лица во самоизолација, од кои шест се во Кичево.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари