Дојдов денеска од Германија за да ги поддржам моите пријатели од ВМРО-ДПМНЕ како и водачот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој што сум сигурен дека ќе биде следниот претседател на новата Влада, изјавил на митингот во Виница Аксел Фишер, пратеник на владејачката германска партија ЦДУ на Ангела Меркел и актуелен претседател на Европската народна партија во Советот на Европа.
– Заедно ни успеа да ги зачуваме христијанските и конзервативните значенија на народот во Европа и секако успеавме заедно да се заштитиме од фалшливиот идеолошки развој на левите и социјалистите. ВМРО-ДПМНЕ е цврст дел од христијанското демократската фамилија на Европа и затоа ви благодарам. Во време кога нашиот контитент се соочува со сериозни предизвици како што е миграцискиот бран, теротизмот и други безбедносни прашања, македонската Влада покажа особена посветеност и секако таа е посветен партнер кон прашањата кон безбедносните решенија и другите проблеми. Македонија е земја која што активно не поддржуваа кон решавање на проблемот со мигрантската криза – рекол Фишер.
