Фирмата за гаќи „Електра Солушн“ добила и грант од Фондот за иновации за да се преструктуира во бизнисот со градежен надзор тврди ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Корупцискиот скандал на власта со изборот на надзор за изградбата на коридорите 8 и 10Д е како сапуница, мислиш ќе престане, а веќе следниот момент излегуваат нови детали велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ковачевски и Груби колку повеќе лажат, толку повеќе излегуваат на виделина сите аспекти на матните зделки со овој тендер. Компанијата „Електра Солушн“, која Ковачевски и Груби лажеа дека е само локален минорен партнер во конзорциумот кој ќе го води надзор, се испостави дека е клучен партнер преку кој ќе поминат најмногу средства од 22 милионскиот тендер. Патем, фирмата „Електра Солушн“, фирма која до неодамна се занимавала со шиење гаќи, се префрлила во градежниот сектор со сесрдна помош на власта на Ковачевски и Груби. За тоа говори и информацијата дека еден ден откако истата добива лиценца за надзор, таа добива грант од Фондот за иновации од 65.000 евра за проект „Дигитално решение за управување со градежни проекти“. Многу иновативно префрлање од шиење гаќи во градежен надзор. Компанијата „Електра Солушн“ ја доби на крајно контроверзен начин, односно барањето го поднела 12 дена по распишувањето на повикот за доставување на понуди на тендерот, а во рок од 5 дена и ја добиле истата. Што уште треба да излезе на виделина за Јавното обвинителство да отвори случај за овој скандал кој смрди на криминал се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да го соопшти кандидатот за градоначалник на Скопје

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски